(ВИДЕО) „Јас на Мик Хакнал? Мислам дека личам на Крис Еванс“, Шој Дајч е некрунисан крал на прес-конференциите – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 9:20 PM

(ВИДЕО) „Јас на Мик Хакнал? Мислам дека личам на Крис Еванс“, Шој Дајч е некрунисан крал на прес-конференциите

Тренерот на Барнли, Шон Дајч, освен тоа што со години врши одлична работа во Премиер Лигата, одржувајќи го малиот клуб Ланкашир помеѓу елитата, ја забавува јавноста со несекојдневните обраќања и прес-конференции.

Па така просечниот фан ги знае сите концертни авантури на Дајч, неговата омилена храна, литература, места за излегување. За него ќе речат дека е ригиден, идентично како и стилот на игра на неговиот Барнли, но позади тоа „намуртено“ и „луто“ лице се крие една неверојатно интересна личност, подготвена за шега.

На последната прес-конференција во пресрет на дуелот против Манчестер Сити, кој во меѓувреме Барнли го загуби на домашен терен со 0:2, Дајч беше поприлично расположен и зборуваше за сè, освен за фудбал, Добро, малку и за фудбал.

Новинарското прашање дали Дајч е свесен за фактот дека наликува на пејачот на британската група „Simple Red“,  доби свое контра-прашање од тренерот на Барнли.

-Необично е ова од ваша страна. Јас личам на Крис Еванс исто така. Ти благодарам на тоа што ме потсети дека навистина наликувам на Мик Хакнал. Овој прес е брилијатен затоа што е помалку досаден. Карантинот тешко ги погоди сите, досаден е. Ова е прилика да покажеме малку човечност, ме прашавте смешно прашање, дадов смешен одговор, рече Дајч.