Маестро Александар Џамбазов денес го слави 85тиот роденден. ММС го контактираше да за му посака среќен роденден и долг живот. Маестро Џамбазов во негов хумуристинчел стил одговори:
-Да, да, славам 58ми роденден.. Хахахах Ако ги свртиш бројките обратно. А како славам? Па јас сум затвореник, не излегувам од дома или тоа е многу ретко. А што ќе славам. Мојот живот без Анче е трагикомедија. Јас сум медицински феномен. Имам шекер веќе 25 години и за овие години на контрола не сум отишол. На мојот псохофизички феномен што го имам во себе не му веруваат докторите, не сум бил 24 години на контрола а 22 години не сум го мерел шеќерот.
Да, да 24та година како примам инсулин а не сум бил на контрола. Јас сум навистина некој медицински феномен, бидејки вакво нешто во областа на дијабетисот не е можно. Зошто? Само затоа што ме држи љубовта кон Игор и Тања. Тоа ме одржа во живот. Инаку без Анче немаше да преживеам! Кога Анче ми почина на раце мислев дека нема да издржам. Тргнав да скокам, да се самоубивам. Почина татко и две години пред неа, па потоа таа ми почина на раце. Е сега можеш да замислиш каков јас живот живеам. Не излегувам од дома, два пати за 15 дена одам до пазарчето во Тафталиџе, пријател носи зимница за Игор а за мене вино. Зошто? Мој пријател лекар ми рече нешто што требало да го паметам за цел живот. „Секој ручек и секоја вечер по една чаша црно вино ќе пиеш“, така ми рече. Ова ми го кажа пред 24 години и јас сум уште жив. Ова што мене ми се случува, пак, ќе кажам е некој феномен, вели Џамбазов и додава:
-Ѕвони телефонот од сабајле. Ама мене најубав роденден, односно најголема роденденска желба ми е што се Игор и Тања живи и здрави, бидејки жиевам заради нив. Инаку кажав, тргнав да скокнам да се убијам свесно. Но, кога помислив дека Анче не може ништо да ја врати и да ја замени, рече тој.