Инспекциски совет: 5.000 контроли за 10 дена – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 2:42 PM

Инспекциски совет: 5.000 контроли за 10 дена

Владата на вчерашната седница донесе заклучок со кој ги задолжи Министерството за финансии, министерството за информатичко општество и администрација и министерството за политички систем и односи со заедниците со највисок приоритет да ги разгледаат и одобрат годишните планови за вработување за 2021 г на сите инспекциски служби, информираше на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Ф. Грашкоска.

Грашкоска ги презентираше податоците од спроведените надзори од 25 јануари до 3 фенбруари. Во овој период седумте инспекциски служби извршија нешто помалку од 5.000 контроли, односно 4959. Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 131 надзор врз основа на кој изрече 15 решенија за констатирани неправилности, притоа овој инспекторат кој е надлежен и за издавање на решенија за изолација минатата недела издаде 4373 решенија за самоизолација.

Од страна на државниот пазарен инспекторат се извршија 3571 контрола и 757 надзори поврзани со почитување на законот за заштита на население и заразни болести и протоколите за работа на угостителските објекти. Изречени се 23 прекршочни пријави, 134 решенија за констатирани неправилности и 63 прекршочни патни налози. Пет се за непочитување на работата на угостителските објекти, и тоа за два угостителски објкети во Охрид, и по еден во Тетово, Гостивар и Битола. Изречена е забрана за вршење на дејноста и истите се затворени, а соодветно се изрекуваат и прекршочни патни налози.

Инспекторатот за транспорт во период од 25-31 изврши 46 надзори, изречени се 9 прекршочни пријави и 3 решенија. Државниот инспекторат за труд изврши 367 надзори и изрече 10 решенија и 5 прекршочни патни налози. Агенцијата за лекови и медицински помагала реализирала 14 надзори, при што не се констатирани неправилности. Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 390 надзори, изречени се 14 решенија и 31 едукација и 1 прекршочен платен налог. И државниот инспекторат за животна средина извршил 50 надзои, констатирани се 8 неправилности.

На новинарско прашање до директорката на ДСЗИ, дали е извршен вонреден инспекциски надзор на Нефрологија, што е констатирано и дали нормално функционира клиниката, директорката одговори дека ДСЗИ има комплетно постапено во однос на своите ингеренции на клиниката на Нефрологија и према записниците ДЗСИ нема забелешки.

На прашање до Грашкоска дали започнаа рамковните вработувања и дали инспекторатите имаат капацитет да ги примат и тие одговараат на тие профили на работници кои им се потребни на инспекторатите, Грашкоска информира дека лицата сеуште не се почнати со работа, не се распределени и дел од лицата имаат соодветно образование за да бидат инспектори, дел се со соодветно образование за административни места.