Македонија 78. на листата на „Економист” за глобалниот индекс на демократија – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 1:10 PM

Македонија 78. на листата на „Економист” за глобалниот индекс на демократија

Магазинот „Економист” во најновиот извештај за глобалниот индекс на демократија за 2020 година ја рангира земјава на 78. место со скор од 5,89.

Земјата е во групата на ткн. хибридни режими. Од државите во регионот, полошо се рангирани Црна Гора на 81-то место и БиХ на 101 место.

Албанија е на 71 место, Србија 66, Хрватска на 60 место, Бугарија 52, а најдобро позиционирана е Грција на 37 место.

Прва според глобалниот индекс на демократија е Норвешка, втор Исланд, а трета Шведска. САД е на 5-тото место, Германија 14-та, Русија е 124-та, а Кина 151-ва. Последна на листата е Северна Кореја на 167-то место.

МИА