Во ЕУ-земјите само со негативен ПЦР-тест за сите земји надвор од Унијата – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 9:20 AM

Во ЕУ-земјите само со негативен ПЦР-тест за сите земји надвор од Унијата

Граѓаните од  земји што не се членки на Европската Унија, а кои патуваат од било каква причина во земји-членки на ЕУ при влез ќе мора да покажат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.  Тоа е усвоената препорака од Советот на ЕУ. Освен тоа, можен е и карантин во период од 14 дена, како и следење на нивните контакти.

Исто така, ЕУ ќе ги укине рестрикциите за патување за земјите во кои нема повеќе од 25 новозаразени на 100.000 жители во рок од 14 дена, земји кои имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи, повеќе од 300 тестови на 100.000 жители во претходните седум дена со не повеќе од четири отсто позитивни тестови.

Дозволени ќе бидат само оправдани патувања од итни причини.