Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион, соопштија од прес-службата на Владата.
Како што стои во соопштението Владата ги задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.