За крвавата тепачка во дискотеката Клик за сите затвор, само за Роберт Димитров парична казна – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/21 11:29 AM

За крвавата тепачка во дискотеката Клик за сите затвор, само за Роберт Димитров парична казна

Подебелиот крај од крвавата тепачка во штипската дискотека Клик на 21.10.2018 година, го извлече Александар Панов, кој со скршен вратен пршлен и отчепен коскен фрагмент и други осум рани по целото тело, заврши во болница. По вербална расправија со Роберт Димитров, по Панов со стаклени шишиња и чаши се нафрлиле Димитров и неговото друштвото – Стојан и Филип Златеви. Според судската пресуда,во тој момент на оркестриран напад од Димитров и Златеви, Панов успеал да ја заштити главата со рацете, додека тројцата мавале со шишиња и чаши по него. Во лекарското уверение кај Панов е констастатирана нагмечено- расцепна рана со  подлив на десната шака други осум рани по телото и главата. Во тепачката, Панов со тупаница го удрил Филип Златев, кој добил тешка повреда со нагмечно – расцепна рана на нос. Оваа тепачка заврши со признание на вина пред Судот на сите четворица – Роберт Димитров, Стојан и Филип Златеви и Александар Панов.  Само што во правниот случај –  првообвинетиот Роберт Димитров, која е прогласен за виновен за делото „Учество за тепачка“ добива парична казна, додека сите останати, вклучувајќи го и Панов, кој го извлече најдебелиот крај, добиваат казна затвор, односно условна казна. Панов дури е осуден со највисока казна од сите кои признаа вина, и тоа за делото „Тешка телесна повреда“, за што доби шест месеци затвор, со условна осуда од две години доколку не го повтори делото. Стојан и Филип Златеви имаат идентична казна од три месеци затвор, односно условна осуда од една година доколку не го повторат делото.

Роберт Димитров пак, првообвинет во случајот,  заврши со парична казна од 4000 евра, откако е  прогласен за виновен за делото „Учество во тепачка“.

Во пресудата на Основниот суд од Штип од 23.06.2020 година, пишува дека при изрекувањето на пресудата за Димитров ја имаат во предвид казнената евиденција, како Димитров е евидентиран како поранешен затвореник, осуден на шест месеци затвор за кривичното дело „Насилство“, по што ја извршил казната во Струмичкиот затвор во перидот од 05.09.2014 – 11.01.2015 година. Димитров беше осуден откако во 2012 година го претепа синот на поранешниот сосптвеник на „Брилијант“ Мите Николов, Мишко и еден негов другар, кои завршија со тешки повреди по главата и лицето.Оваа казна е избришана според Кривичниот законик.

Во изрекувањето на предусите за сите четворица, како отежнителна околност, Судот ја ценел „општествената опасност од извршените кривично дела, кривичната одговорност на секој од обвинетите, тежината на делото, штетните последици кои настанале со извршувањето на делото, како и зачестената појава на вршење на ваков вид на кривични дела во последно време“ (Пресуда К.Бр. 83/20, ОС- Штип).

Како отежнителна околност за Александар Панов е земено во предвид Обвинението против него за делото „Насилство“.

Спогодувањето на секој со секого во крвавата тепчка доаѓа по дадените изјави на Александар Панов, додека со тешки повреди беше хоспитализиран во болницата ја раскажа својата верзија од приказната:

„Седев со друштвото во дискотеката „Клик“, кога одеднаш Роберт Димитров без никаква причина ме нападна, земајќи го шишето од масата удирајќи ме по главата. Оттука му се приклучија од неговото друштво, кои беа со него, поранешниот затвореник Жарко Коцев, неговото обезбедување и некои негови другари, кои беа таму со него. Ме нападнаа и фрлаа со чаши, со шишиња, со сѐ што имаше по масата“, изјави Панов.

Прашан за мотивитите за нападот, Панов претпоставува дека е нетрпеливост, по инцидентот што го имал со момчето на внуката на Роберт Димитров. Расправијата во кафичот на Панов, продолжила на улица, кога дошло и до физичка пресметка.  (mms.mk).

 

фото:ФБ и Мирор