Докторката, Ана Банко објасни дека после примањето на првата доза од вакцината на кој било произведувач, просечната заштита е околу 50 проценти, што значи дека многу луѓе може да се заразат со коронавирусот после првата доза, што впрочем и се има случено. Целосната ефикасност на вакцината се очекува две недели после примањето на втората доза од вакцината.
Пандемијата трае и сама од себе нема да заврши. Вакцинацијата е единствен начин таа да биде искоренета. Одредени категории од населението не може да се вакцинираат и ние имаме обврска да ги заштитме. Овие вакцини се развивани повеќе децении. РНК вакцините се развиваат последните две-три децении и тоа во онкологијата. Веќе постојат клинички студии за карциномот на панкреасот. РНК вакцините се нешто на што медицината, односно вирусологијата долго чекаше бидејќи се смета дека тоа е иднината – објасни д-р Ана Банко во емисијата РТС Ординација.
Последните денови меѓу луѓето се појави страв од појавата на новиот сој на вирусот, меѓутоа појавата на мутациите не е ништо необично.
Оваа варијанта на вирусот многу бргу се пренесува меѓу луѓето, а клиничката слика останува иста и не се менува. Постои предвидување дека оваа варијанта на вирусот набрзо ќе стане доминантна меѓу европската популација – смета докторката.
Она што многу повеќе ја плаши научната заедница е варијантата од Јужна Африка и Бразил. Некои испитувања докажаа дека антителата во однос на оваа мутација имаат нешто послаба ефикасност – посочи Банко.
Овие соеви на вирусот се регистрирани во повеќе европски земји, но неминовно е дека поголемото секвенционирање ќе открие нови варијанти. Тие мутации не мора да бидат поопасни, но постои таа можност – потенцира докторката во интервјуто.
Извор: kurir.rs