Постковид синдром: Што се’ укажува дека сте го прележале вирусот? – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/21 6:15 PM

Постковид синдром: Што се’ укажува дека сте го прележале вирусот?

Најсигурен начин за да утврдите дали сте биле заразени со коронавирусот е тестот кој покажува дали имате антитела. Ваквите тестови всушност не можат да го детектираат вирусот, но утврдуваат дали нашиот организам веќе се изборил со него. Постои и друг начин да препознаете дали сте биле заразени. Имено, има четири симптоми на „постковид синдромот“.

Најчестите последици кои ковид-19 ги остава врз човековото здравје се следните:

Проблем со концентрацијата

Оваа појава е позната како „мозочна магла“. Како што вирусот влијае на дишните органи, така навлегува и во некои центри во мозокот и таму исто така создава проблеми.

Отежнато дишење

Дури и оние што имале лесна клиничка слика се соочуваат со отежнато дишење или кашлица, дури и откако оздравеле. Овие симптоми може да бидат резултат на недијагностицирана инфекција. Во ваков случај можно е да имате проблем со качување по скали или умор додека извршувате некои вообичаени активности, како што е миењето садови.

Болка во мускулите

Болката во мускулите може да се јави на еден дел од телото или во целото тело. Иако овој тип болка проаѓа за кратко време, кај одредени луѓе може да трае и со месеци. Најчесто мускулната болка се јавува во вратот, грбот, нозете и рацете.

Постојано сте уморни

Луѓето што имале ковид-19 може да имаат воспаление што влијае на протокот на крв во мозокот, што е и објаснување за недостигот на енергија поради што тие постојано се чувствуваат уморно и не можат да ги вршат дури ни рутинските активности. Оние што имаат постковид синдом може да чувствуваат омалаксаност и потешкотија за да се движат во текот на денот, што пак е придружено не само со болка во мускулите, туку и со мигрена.

 

Извор:             pink.rs