Камала Харис на инаугурацијата носела ѓердан вреден 23.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/21 4:16 PM

Камала Харис на инаугурацијата носела ѓердан вреден 23.000 долари

Потпретседателката на САД Камала Харис (56) неколку пати покажа препознатлив стајлинг откако влезе во Белата куќа, појавувајќи се во различни изданија на облека, а покрај тоа, на инаугурацијата покажа ѓердан вреден 20.000 фунти (близу 23.000 евра).

Ѓерданот е направен од низа бисери на златен ланец, а го направил Вилфредо Росадо.

„Поставување историја … Чест ни е што потпретседателот на САД го носеше ѓерданот на В.Росадо за време на инаугурацијата како прва дама потпретседател на САД“, рече Росадо.

Камала носела бисери за време на голем број важни настани низ годините и ги избрала уште откако дипломирала. Нејзиниот ѓердан на инаугурацијата се верува дека го претставува нејзиното сестринство на Универзитетот „Хауард“, Алфа Капа Алфа, првото афро-американско сестринство во земјата.

Преземено од: https://www.blic.rs/