Зибери: Во ниту еден момент нема да потклекнам под влијание – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/21 2:09 PM

Зибери: Во ниту еден момент нема да потклекнам под влијание

„Апсолутно не е никава награда, мислам дека мојот досегашен ангажман е сосема доволена гаранција за извршување согласно законот и уставот на оваа многу важна функција за граѓаните и државата, одговори Насер Зибери новиот народен правобранител“, на новинарско прашање дали неговата позиција е заслуга на тоа што е близок на ДУИ.

Тој вели во минатото како набљудувач сум знаел да бидам критичар кога сум сметал дека така треба и сум поддржувал, одлуки и процеси кога сум сметал дека се во интерес на граѓаните тоа ми дава за право и во иднина на функцијата народен правобранител да бидам во служба на граѓаните, а не сервис на власта, вели Зибери.

На новинарско прашање кои ќе бидат приоритетите како новоизбран народен правобранител, вели без да ги има елементарните информации за одреден случај нема да може да се произнесе, не само за еден случај туку за сите и смета дека кога треба да се произнесе ќе го направи тоа во рамките на законот.

„Јас уште кога одлучив да се кандидирам за оваа функција имав свои гледишта и визија за функцијата народен правобранител  и таа визија ќе се обидам до крај да ја наметнам и реализирам, а тоа значи во прв план оваа функција треба да го добие соодветното место во системот како што налага уставот и законот. Второ граѓаните мора да имаат доверба во институцијата, а доверба ќе има доколку институцијата возврати со соодветен ангажман и заштита на слободите и правата на граѓаните. Во оваа определба моја ќе ги искористам сите правни инструменти, но инструменти кои значат комуникација непосредна со јавноста, преку вас медиумите и граѓаните. Но упатувајќи  до органите на управата и другите носители на јавните функции дека функцијата народен правобрнаител не е само декор во системот , туку одбрана и заштита на слободите и правата на граѓаните“, вели Зибери.

Потенцираше дека во ниту еден момент нема да потклекне на влијание, било политичко, бизнис, економско, туку напротив ќе се противи и во рамките на тоа што му го дозволува уставот и законот, да остане достоинствен во обрана на заштита на правата на граѓаните, гарантирани со устав и закон.
„Борбата за заштита на првата на граѓаните во однос на државниот апарат е вечна и таа ќе постои се додека постои држава и општество. За среќа постојат инструменти кои што можат да придонесат во подобрување на амбиентот на земјата и навистина граѓаните да се чувстуваат заштитени“, вели Зибери.

Фотографија: Screenshot
Г.Д