Војската во Мјанмар (поранешна Бурма) изврши државен удар против Владата на Аунг Сан Су Ќи, која е уапсена, исто како и претседателот на државата, на денот кога пратениците требаше да се вратат во парламентот, првпат по изборите што се одржаа во ноември, а кои војската ги смета за нерегуларни, јавуваат агенциите.
Рано утрово, војската ја упаси Аунг Сан Су Ќи, како и претседателот Вин Минта, потврди портпарол на Националната лига за демократија, партијата која победи на изборите, но тензиите се зголемија минатата недела.
Националната лига за демократија (НЛД,) чиј лидер е Аунг Сан Су Ќи, која веќе беше на власт, освои 83 отсто од 476 места во Парламентот, но војската тврди дека открила десет милиони случаи на измами и побара од изборната комисија да ги провери изборните листи поради.
Од светот стигнуваат првичните осуди за пучот. Генералниот секретар на ОН, Гутереш, го оцени како сериозен удар врз демократијата.