Тетовецот Славчо Блажевски, кој до лани питачеше и беше без покрив над глава, конечно застана на свои нозе. Бараката во сопственост на АД за стопанисување со станбен и деловен простор малку ја обнови со помош на хумани луѓе, а заработува и по некој денар колку да се прехрани, облече и да ги купи потребните лекови.
Славчо Блажевски вели на сите кои западнале во тешка социјална состојба им е потребна мала помош, за да си го најдат патот и да се вратат во нормален живот.
„Да не беше помошта од хуманите пак ќе посакав да се вратам во затвор од каде што дојдов, вели тој. Но сега продолжувам да се борам понатаму со сите препреки и предизвици“, вели Славчо.
„Колку за скромна егзистенција добивам по некој денар за одржување на дел од малите паркови во градот. Презадоволен сум од тоа што го земам. Ме прави среќен нешто кога сам ќе заработам, питачењето и затворот веќе ги оставив зад мене“, додава Славчо.
(З.Д.)