Барселона го тужи најчитаниот спортски весник во Каталонија за објавување на договорот на Меси – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 9:34 PM

Барселона го тужи најчитаниот спортски весник во Каталонија за објавување на договорот на Меси

Каталонскиот клуб ќе покрене тужба за нарушување на приватноста.

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона најави тужба против весникот „Мундо“, поради објавените детали за договорот со Аргентинецот Лионел Меси.

Весникот денес објави текст во кој се наведува дека Меси потпиша договор со Барселона вреден повеќе од половина милијарда евра бруто во 2017 година.

„Ирзазуваме жалење што договорот е објавен, бидејќи станува збор за приватен договор меѓу две страни. Ние категорично отфрламе  било каква одговорност за објавување на документот и ќе преземеме правна постапка против весникот „Мундо“ за штетата предизвикана од овој текст – објави Барселона.

Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, а шансите тој да остане е минимален.

„Барселона му дава целосна поддршка на Лионел Меси, особено поради обидите да се дискредитира неговиот карактер и дело и да се оштетат неговите достигнувања, што го прават најдобриот фудбалер во историјата – информираат  од Барселона.