Тестиси или бели бубрези, како што ги нарекуваат, убаво исчистени и зготвени се вистински специјалитет. Полни се со протеини и се работи за вистински специјалитет кој што речиси и да го нема во нашите ресторани.
Нив ги спремаат само малкуте гурмани и тоа по дома во посебни пригоди и за посебни гости. Некој велат дека покрај тоа што се вкусни преставуваат и афродизијак, за подобар секс а и за тие што имаат проблеми со потенцијата.
Тестиси, односно бели бубрези може да се јадат од разни животни, како овен, јарец, прч, вепар, но велат искусните дека она вистинското и највкусно се тестиси од бик. Ова јадење преставува специјалитет сегде во светот. Најдобро е тие да се свежи и претходно да отстојат во маринада барем 12 часа.
Еве еден рецепт кој не бара многу време и труд.
Состојки:
1 килограм тестиси
2 чешлиња бел лук,
сол и зејтин.
Подготовка: Тестисите се мијат убаво, се сечат на два дела и се остават околку 12 саати во вода со оцет или бело вино. По 12 часа исцедите ги и ставите ги во тавче со загреан зејтин и додадете малку вода да се издинстаат, повторувајте ја постапкава додека не омекнат. На крај додадете сол и лукче. На здравје.
Извор и фото: zemjodelie.mk