Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 252 болни – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 3:28 PM

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 252 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
На интерните клиники во последното деноноќие имало 22 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден, a во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравен пациент.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 23 пациент со симтоми на корона вирусот.
Ковид центарите на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за Гастроентерохепатологија се затворени од денес.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.
Вкупно 252 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 112 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.