Рита Ора нудела мито од 5.000 фунти да молчат за роденденската журка – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 1:34 PM

Рита Ора нудела мито од 5.000 фунти да молчат за роденденската журка

Тимот на британската поп-пејачка, родена во Приштина, Рита Орa (30), понудиla 5.000 фунти (околу 5.600 евра) на менаџерот на ресторанот „Каза Круз“ во Лондон, за да ги прекрши правилата на второто заклучување поради корона пандемијата, за нејзиниот роденден на 28 ноември, објави полицијата. Тие исто така барале да се исклучат безбедносните камери, за да не бидат снимени гостите на роденденската забава на Рита.

– Ми понудија 5.000 фунти за да ги прекршам ковид правилата и да организирам нелегална забава, но тие не ми ги исплатија парите – и рекол на полицијата менаџерот на ресторанот Скоти Батараи, кој во меѓувреме бил отпуштен.

– Првичниот план беше само седум лица да дојдат во барот, но до 21 часот се појавија дваесетина од нив.

Според полицискиот извештај, обезбедувањето на пејачката не сакало да се снимаат гостите, па менаџерот на ресторанот ги исклучил безбедносните камери во периодот од 18:00 до 18:30 часот. Сите снимки од безбедносните камери во ресторанот биле избришани два дена подоцна.

Додека Британците седеа заклучени во своите домови, Рита се забавуваше во ресторан. Полудеа кога дознаа дека забавата е прекината со полициска рација. По осудата и критиките дека нејзиното однесување е неодговорно и погрешно, засрамената Рита се извини на социјалните мрежи, но ја откри менаџерот на ресторанот.

Пејачката сè уште не ги коментирала новите детали за овој случај.

Извор: novosti.rs