Знаат како побегнал Груевски и кој помогнал, но немаат докази – Рускоска за бегството на екс премиерот – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 11:39 AM

Знаат како побегнал Груевски и кој помогнал, но немаат докази – Рускоска за бегството на екс премиерот

Истрагата за бегството на порнешниот премиер Никола Груевски не е запрена. Обвинителството има информации , но нема докази. А за да се покрене обвинение, мора да достави докази пред Судот, изјави шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција Вилма Русковска  во гостувањето во „Трилинг“.

-Истрагата за него е прекината, не е запрена, се додека тој не биде достапен на органите“, изјави Русковска.

Обвинителката кажа дека и останува на изјавата дека зад организираниот упад во Собранието на 27 април 2017 година стои Груевски, но според законот, не може да му се поднесе обвинение доколку не е испитан во истрагата.