Украле печено јагне од ресторан – Тешка кражба во Босна – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 11:58 PM

Украле печено јагне од ресторан – Тешка кражба во Босна

Невообичаена кражба се случи во Босна и Херцеговина во четвртокот. Босанските медиуми пишуваат дека ноќта помеѓу средата и четвртокот, провалници украле печено јагне од ресторан во Какањ.

– Во текот на ноќта од 27 до 28 јануари извршена е тешка кражба во улицата 311 Лесна бригада. Непознати лица упаднале во ресторанот, сопственост на Ј.М. од Какањ, при што биле украдени печено јагне и шест пакувања свежо пилешко месо.

Истражителот на полициската станица Какањ изврши истрага – се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Извор: srbijadanas.com