Климатските промени ќе ја зголемат сиромаштијата низ светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 7:37 PM

Климатските промени ќе ја зголемат сиромаштијата низ светот

Негативните ефекти од климатските промени ќе ја зголемат сиромаштијата низ светот, изјави денеска турскиот академик Несрин Алган, професорка на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).

Таа на својата интернет-презентација за Правда за климата изјави дека проблемите предизвикани од климатските промени влијаат социјално и економски на целиот свет.

Нагласувајќи дека емисиите на стакленичките гасови двојно се зголемиле во периодот меѓу 1990 и 2015 година, Алган изјави: „Едно лице во најбогатите 1 отсто од светот предизвикува 175 пати повеќе емисии на јаглерод од едно лице во најсиромашните 10 отсто.“

„Временските услови поврзани со климатските промени ѝ нанесуваат голема штета на економијата. Само во САД, 241 регистрирани екстремени временски услови од 1980 година предизвикаа 1,6 билиони долари штета“, додаде таа.

Алган рече дека климатските промени ќе ја продлабочат постојната сиромаштија и нееднаквост, додека најсиромашните земји ќе бидат најмногу погодени.

„Неуспехот на владите да се придржуваат до Парискиот климатски договор ќе го зголеми економското влијание на климатските промени. Поради климатските промени, луѓето ќе бидат лишени од основните човекови права како што се животот, исхраната, засолништето и водата.“

Таа истакна дека помеѓу 2030 и 2050 година, околу 100 милиони луѓе годишно ќе бидат негативно погодени од климатските промени.

„До 2030 година, 120 милиони луѓе низ светот ќе бидат сиромашни, а 250.000 луѓе ќе починат од болести“, рече Алган.