На Фејсбук-страницата „Имоцки црнњаци“ осамна порака од еден Херцеговец упатена до хравтскиот премиер Андреј Пленковиќ, која денеска ја пренесуваат многу медиуми во Хрватаска и во Босна и Херцеговина.
Во духовитата порака, Анте Зовко го моли премиерот на Хрватска да ја отвори границата за да може “да ги шутне сопругата и децата кај мајката на сопругата на еден месец“.
„Почитуван, можеше, брате, да ги отвориш границите да ги оденесам жената и децата на едно еден месец. Не е за мене, туку малку тие да ја променат средината. Велиш дека ти е грижа за твојот народ во БиХ, а го оставаш само со жената и децата. Ајде разгледај го тоа на следната седница“, пишува во пораката од Анте Зовко, односно Анте Маринков.
Објавата на Фејсбук ја лајкувале неколку илјади луѓе што ја делат судбината на Анте, кои изразија желба да се отворат границите.