Заспа моја Селма, ја нема веќе- Жељко Бебек за смртта на музата на „Бело копче“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 3:00 PM

Заспа моја Селма, ја нема веќе- Жељко Бебек за смртта на музата на „Бело копче“

Селма Бориќ, жената која беше опеана во рок-баладата на легендарното „Бело копче“, почина на 92-годишна возраст.

Оваа тажна вест ја потврди нејзиниот долгогодишен пријател, пејачот на „Белото копче“, Жељко Бебек.

… putuj Selma … 🙏 pocivaj u miru Bozjem 🙏❤️

Posted by Zeljko Bebek on Friday, January 29, 2021

 

– Утрово нејзиното семејство ме извести со оглед на тоа што не ја посетував долго време поради корона. За жал, староста ја однесе, но таа заспа во мир и нека остане така во мир. Мојата Селма ја нема. Јас ќе продолжам да и пејам и да ја спомнувам пред публиката, бидејќи песната го носи нејзиното име, а песната опиша дел од нејзиниот живот, убав дел од нејзиниот живот. Така со задоволство ќе ја паметиме – рече Бебек за „Аваз“.

Веста за нејзината смрт ја објави на Фејсбук Жељко Бебек, кој објави фотографија со Селма од прославата на нејзиниот 90-ти роденден во август 2019 година.

Селма е родена во Зеница и до смртта живееше во Загреб.

Извор и фото:  nova.rs