Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија: Просечниот Германец лани испил „само“ 88 литри – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 8:05 PM

Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија: Просечниот Германец лани испил „само“ 88 литри

Во Германија во 2020 година драстично е намалена потрошувачката на пиво, која е сведена на таа од крајот на 1950-тите години.

Потрошувачката по глава на жител во 2019 година била 92 литра, а лани еден Германец просечно пиел „само“ по 88 литри, соопшти Сојузот на германските пиварници.

Главна причина за намалувањето на потрошувачката на омилениот германски пијалак е затворањето на рестораните и баровите поради пандемијата. Последен пат толку малку пиво било испиено во 1958 година.

„Ситуацијата е драмтична“, изјавија од Сојузот за „Франкфурттер алгемајне цајтунг“, пренесува РТВ.