Светот одамна применува модел на интеграција на предмети, вели Царовска – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 6:15 PM

Светот одамна применува модел на интеграција на предмети, вели Царовска

Светот одамна ги спроведува овие концепти. Во сите развиени земји историја и географија се интегрирани тематски како научни дисциплини, постојат секако модуларно поставени, но темите коишто ги разгледуваат тоа го прават заеднички и по двете науки и дисциплини за да може од фактографско да поминеме кон учење со размислување и критичко размислување, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Интеграцијата се прави за да може нашите ученици, идните продуктивните граѓани на оваа држава да донесуваат одлуки и главно да може некој како вашата партија се обидува да создава лажни вести да манипулира да може да проценат дали тоа е вистина или не вистина, рече Царовска.

Во однос на прашањето врз основа на кои анализи е направена интеграцијата Царовска на пратеничката Ласовска и одговори:

-Она коешто ме прашавте дали постои анализа? Како некој којшто доаѓа и бил дел од образованиот систем претпоставувам дека треба да ги следи сите меѓународни истражувања и сите меѓународни тестирања вклучително и домашни анализи за квалитетот на нашето образование. Бидејќи на сите меѓународни тестирања сме најдолу на листите и тоа е така затоа што ниту сме дискутирале ниту сме анализирале. Ниту сме спроведувале, мерки за подобрување на квалитетот во образованието и за тоа мора да истакнам дека одговорност и лично заради тоа што директно сте раководеле со институција којашто била под ресорот образование, а сте можеле да направите во овие 12 години многу работи, изјави Царовска.