Среќата не беше на наша страна: У21 фудбалерите на Македонија ги дознаа противниците за ЕП 2023 – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 5:49 PM

Среќата не беше на наша страна: У21 фудбалерите на Македонија ги дознаа противниците за ЕП 2023

Извлечени од четвртиот шешир, фортуната не беше на наша страна. Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги доби своите противници во квалификациите за Европското првенство во 2023 година што ќе се одржи во Романија и Грузија.

Во групата Х, момците на Благоја Милевски ќе се соочат со селекциите на Франција, Србија, Фарски Острови, Ерменија и Украина.

Победниците сите девет групи и најдобро второпласираната репрезентација автоматски се пласираат на големиот турнир, додека преку бараж преостанатите осум второ селекции ќе се борат за слободните четири празни места.

Покрај домаќините Грузија и Романија, Европското првенство ќе удостои уште 14 држави.

-Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник, изјави за ФФМ предводникот Благоја Милевски.

Тој додаде дека Македонија секогаш одела по потешкиот пат и дека е навикната на ваквите околности во групата Х.

 

 

 

 

 

Фото:

Facebook / ФФМ