Општина Гостивар се враќа во редовен режим за работа по февруари – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 2:28 PM

Општина Гостивар се враќа во редовен режим за работа по февруари

Општинската администрација би требало да започне по целосно смирување на пандемијата и најрано од март. Ваквиот став го искажа секретарот на општина Гостивар по неодамнешната најава од Владата дека администрацијата ќе се на работа од понеделник следната недела.

Општинарите, поради вториот бран од пандемијата работните обврски ги извршуваа по принцип на ротација, што во значителна мера создавало тешкотии. Според секретарот на локалната самоуправа Назми Јусуфи, иако овој начин на функционирање бил тежок, сепак, вели тој, вработените дадоа сè од себе, со почитување на протоколите, навремено да одговорат на барањата на граѓаните.

– Иако состојбата со пандемијата се подобрува, работењето на администрацијата треба да се одвива како и досега, во смени. Сметам дека има сè уште има опасност и работата според системот на ротација треба да продолжи и наредниот месец, вели секретарот на општина Гостивар, Назми Јусуфи објаснува дека

Тој нагласи дека од почетокот на пандемијата околу 15 проценти од општинската администрација беше погодена од коронавирусот. Од околу 100 вработени, десет биле заразени, а петмина беа во изолација поради контакт. Еден од вработените во општина Гостивар не успеа да го преживее смртоносниот вирус.

Според владиниот портпарол Муамет Хоџа, конечната одлука ќе биде донесена откако ќе се добие мислење од Комисијата за заразни болести.

 

 

з.г.м.