Македонија падна на 111 место-Индексот на перцепција на корупција оваа година го бележи најнискиот резултат од 2001 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 12:09 PM

Македонија падна на 111 место-Индексот на перцепција на корупција оваа година го бележи најнискиот резултат од 2001 година

Во најновата анализа за 2020 година, што денеска го презентираше Транспаренси интернешнл, Македонија падна на 111 место во однос на претходната година, со исто бодовно салдо од 35 поени.

Според претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓена Тасеваоваа година индексот на перцепција на корупција го бележи најнискиот резултат и е најниско рангирање на Македонија на индексот за перцепција на корупција од 2001 година од кога прв пат бевме рангирани.

Забележани се подобрувања во одредени сегменти како што се параметрите на Фридом Хауст, но има опаѓање во резултатите на владеење на правдата, човекови права и достапност на информации.
Транспаренси ги рангира државите според индексот на корупција од 0 до 100.

Со постигнатите 35 поени, Северна Македонија ја дели својата позиција на табелата со Босна и Херцеговина, Монголија и Панама. Со тоа, С. Македонија и БиХ се најлошо рангирани земји во регионот.

На денешната презентација на резултатите, претседателката на  Транспаренси , Слаѓана Тасева информираше дека  земјите кои имаат добар скор на листата „инвестираат повеќе во здравствената заштита, имаат подобри шанси да обезбедат универзална здравствена заштита и помалку е веројатно да ги нарушуваат демократските норми и институции и владеењето на правото“.
Најновиот извештај кој носи наслов „Корупцијата и Ковид-19 го влошуваат демократското назадување“ е посветен на влијанието на пандемијата врз демократскиот развој.