Време: Утре многу студено утро – до -12, преку денот сончево – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 9:10 PM

Време: Утре многу студено утро – до -12, преку денот сончево

Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура секаде ќе биде под нулата, а најниската се очекува да достигне до -12. Максималната дневна, пак, треба да достигне до десет степени.

Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе засилува северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.