Швајцарија за влез воведува негативен тест, а Британија карантин – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 6:21 PM

Швајцарија за влез воведува негативен тест, а Британија карантин

Швајцарија за патниците што доаѓаат од ризични земи на границата ќе бара негативен тест, а Велика Британија ќе ги испраќа во десетдневен карантин во објекти што ќе ги обезбеди државата, објавија денеска владите на двете земји.

Британија е првата европска земја во која бројот на починатите од коронавирус надмина сто илјади, а во светот е петта земја што го надмина тој црн број, по САД, Бразил, Индија и Мексико.

Граничната контрола ја заострува и Швајцарија, која од 8 февруари за патниците од висооризични држави ќе бара негативен тест. Алпската држава оваа недела ги заостри мерките против ширењето на коронавирусот, но не воведе општ карантин како соседните земји. Во Швајцарија од почетокот на пандемијата се заразени околу 515 илјади луѓе, а починале 8.500.