САД планираат нарачка на дополнителни 200 милиони дози вакцини – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 9:27 AM

САД планираат нарачка на дополнителни 200 милиони дози вакцини

Соединетите Американски Држави планираат да нарачаат дополнителни 200 милиони дози вакцини против коронавирусот  со цел да ја вакцинираат целосно американската популација до крајот на летото – соопшти Белата куќа.

„Веруваме дека наскоро ќе можеме да го потврдиме купувањето на по 100 милиони дози од двете вакцини што ги одобри Агенцијата за лекови, Фајзер и Модерна“, изјави претседателот на САД, Џозеф Бајден.

Дополнителните дози би требало да им овозможат на САД целосна имунизација на 300 милиони Американски до крајот на летото или почетокот на есента – додаде Бајден, кој претстави и нови мерки во програмата за вакцинација.

Меѓу другото, американските држави неделно ќе добиваат по 10 милиони вакцици, а во моментот за нив се наменети 8,6 милиони дози.

 

Извор:            rs.n1info.com