Зошто треба да се пие јогурт секој ден? – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 8:42 AM

Зошто треба да се пие јогурт секој ден?

Жените што конзумираат пет и повќе порции јогурт неделно имаат 20 проценти помал ризик за добивање висок крвен притисок за разлика од жените кои не го претпочитаат овој кремаст оброк – покажува новата студија финансирана од National Dairy Councila.

„Верувам дека ова е најголемо истражување за проценка на конкретното влијание на јогуртот врз крвниот притисок“, изјави авторот на студијата, Џастин Буендиа.

Веќе е познато дека млечните производи како што  се немасното млеко и сирење  го намалуваат ризикот од покачен крвен притисок, но ова е прво големо истражување што е фокусирано само на тоа како делува јогуртот. Имено, позитивната врска помеѓу дневниот оброк со млеко или сирење и помалиот ризик од високиот крвен притисок не е толку јака како влијанието на самиот јогурт.

Значи, време е да земете јогурт. Може да додадете ореви или пак некое овошје со што позитивното влијание ќе биде уште поизразено особено кај жените што сакаат да балансираат со многу овошје, зеленчук, ореви и мешунки – советуваат познавачите.

 

Извор: krenizdravo.hr