Промоција на Анализа на недостатоците и можностите за институционалната и правната рамка на животната средина – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 7:46 AM

Промоција на Анализа на недостатоците и можностите за институционалната и правната рамка на животната средина

Во организација на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) денеска во Скопје ќе се одржи промоција на Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и можности за институционалната и правната рамка на животна средина.

Главна цел на анализата е мапирање на  законските и институционалните предизвици во законодавството за животна средина, со што ќе се овозможи длабинска процена на перформансите во заштита на животната средина – велат од Центарот.

-Наодите на анализата ќе ги постават основите за креирање превентивни активности на полицијата и државните институции во земјата, судството и јавните обвинители кон воспоставување модел за ефективна еколошка правда. Овој систематски пристап ќе обезбеди целосна проценка  и на нивото на усогласеност на националните закони со правото на ЕУ, истакнуваат од ЦПИА.

На презентацијата најавено е обраќање на академик Владо Камбовски, раководител во Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев” – МАНУ и Никола Јовановски, програмски менаџер, Центар за правни истражувања и анализи.