Прстен од милион долари – Кој е новиот зет на Трамп? – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 8:41 PM

Прстен од милион долари – Кој е новиот зет на Трамп?

Тифани Трамп се сврши минатата недела, а прстенот што го доби од нејзиниот иден сопруг сега се проценува на 1.200.000 долари.

Мајкл Було (23) не се штедеше кога станува збор за неговата свршеница, а овој богат човек има многу интересна позадина. Роден е во државата Тексас, во градот Хјустон. Повеќето деловни активности на неговото семејство се наоѓаат во Нигерија. Неговиот татко е познат бизнисмен, Масад Було, кој меѓу другото е и голем поддржувач на Доналд Трамп (74), кој е воодушевен од нивната љубовна приказна и свршувачка и едвај чекаат на венчавката. Таткото на Мајкл исто така изјави дека Трамп е најдобриот американски претседател во поновата историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)


Мајкл Було завршил факултет во Лондон и сè додека не ја запознал Тифани, тој сакал да лудува и да менува девојки и не останал долго со ниедна од нив. Бил темпераментен и постојано патувал со јахта преку Медитеранот. Меѓутоа, кога ја запознал во 2018 година, сè се сменило. Тој планира да ја преземе работата на неговиот татко затоа што се разбира во бизнисот, за разлика од неговиот постар брат кој сака уметност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Boulos (@michaelboulos)

Неговиот татко, Масад, е еден од водечките луѓе на групацијата Фадул. Роден е во Либан. Како млад студент,  се оженил со Сара Фадул, ќерка на бизнисменот Зухар Фадул, која го запознала со семејниот бизнис. Мајката на Мајкл, Сара, во меѓувреме основала уметничка организација во Нигерија.

Извор: kurir.rs

Фото: telegraf.rs