Во манирот на најдобрите светски фудбалери ала Роналдињо и во манирот на еден од најдобрите изведувачи на слободи удари, Жунињо, македонскиот репрезентативец одново и одново го воодушевува гледалиштето.
Првиот старт од ноември минатата година му го донесе на Енис Барди првиот гол за Леванте сезонава. И тоа во 1/8 финалето на купот на Шпанија против екипата на Ваљадолид. Домаќините уште во 13-та минута го отворија резултатот преку Тони, а Барди со феноменален гол од слободен удар изедначи и го врати Леванте во игра за следната фаза.
Кога сите мислеа дека Барди ќе го „прескокне ѕидот“ со силен удар во аголот, тој ги изненади сите вклучувајќи го и голманот на Ваљадолид и оние кои стоеја во блокот.
Фантастичниот погодок на Барди ви го приложуваме во продолжение:
Enis Bardhi serbest vuruşta topu barajın altından göndererek kaleciyi gafil avladı ve Real Valladolid karşısında Levante’yi 1-1 eşitliğe taşıdı🧐 pic.twitter.com/wbfTNxa8pV
— Tivibu Spor (@tivibuspor) January 26, 2021