Рекордните 11 починати лица поради Ковид-19 на тетовското подрачје не се само во еден ден, појаснуваат од Ковид центарот при Клиничка болница Тетово за денешните статистички податоци објавени од Министерството за здравство. Според Министерството за здравство, од 21 починато лице, 11 биле од тетовскиот регион, лица на возраст од 56 до 77 години.
-Станува збор за софтверска грешка поради која не се евидентирани смртни случаи од 15 јануари до вчерашниот ден и пренос на податоци. За изминатите 24 часа односно од 12 часот во неделата до 12 часот во понеделникот односно вчера починати се три лица, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.
Со овие 11 смртни случаи во тетовскиот регион сега има вкупно 204 лица кои од почетокот на пандемијата умреле поради компикации од Ковид 19, се бележи во статистиката на Институтот за јавно здравје. Во моментот во тетовско има 326 активно болни. Нови случаи има 13, додека оздравени се 49 лица.
МИА