Под снег, некаде е снежни наноси, се наоѓаат повеќе делови на Балканот. Вчера во снежни наноси смрзнаа двајца Хрвати, денеска снегот прави проблеми во делови на БиХ, Црна Гора, Србија… Состојба на елемнтарна непогода е прогласена денеска на подрачјето на општината Босанско Грахово. Во некои села дебелината на паднатиот снег била над 80 сантиметри, а Општината нема можност да помогне бидејќи немала соодветни машини.
„Моментално од светот се отсечени селата Преодац, Велико и Мало Тичево, Тишковац, Стожишта, Исјек, Радиловиќи, Ресановци, Зебе и Пеќи“, изјавил за „Срна“ градоначалникот Урош Ѓуран, пренесува „Вијести.ба“.
Ѓуран укажал дека во селото Зебе има двајца жители позитивни на коронавирусот и до нив препладнево не можело да се пробие санитетското возило. Била ангажирана механизација за да се обиде да го пробие патот за да може да се стигне до луѓето.