Туристичките агенции бараат да продолжи финансиската поддршка за плати и да се зголемат капацитетите во автобусите – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 1:59 PM

Туристичките агенции бараат да продолжи финансиската поддршка за плати и да се зголемат капацитетите во автобусите

Туристичките агенции бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати, без изоставување на јануари и зголемување на капацитетите во автобусите.

Во денешното соопштение тие наведуваат дека финансиската поддршка за плати треба да биде во континуитет бидејќи, како што велат, секој месец се зема плата, а стигнуваат опомени за блокирање на сметките.

Поради стабилизирање на ситуацијата со Ковид-19, бараат да се врати и условот за 75 или 100 процентна исполнетност во автобусите.

– Авионските компании и во екот на пандемијата сообраќаа со целосна исполнетост на нивните авиони, па зошто да не можат и автобусите. Во време кога се трудиме да изработиме било што, ограничени сме со работа поради автобусите. Платежната моќ на граѓаните е намалена поради кризата, не можеме да ги покачиме цените и дополнително одиме во нови загуби, велат од агенциите.

 

МИА