Бугарскиот министер за здравје Константин Ангелов денеска изјави дека за влез на сите патници во таа земја ќе биде неопходен негативен ПЦР-тест на коронавирус.
Ангелов наведе дека целта на рестриктивните мерки е да се спречи ширењето на новиот тип на ковид, отако во Бугарија се регистрирани осум случаи.
„ПЦР-тестовите ќе бидат задолжителни за сите патници што влегуваат во земјата, вклучувајќи ги и тие од ЕУ“, рече Ангелов, пренесува АП.