Во Тетово беше блокиран булеварот „Индустриска“ од граѓани кои живеат во негова близина, но и семејства кои настрадале на оваа делница. Велат дека се одлучиле на овој чекор, оти овој коловоз воопшто не е безбеден.
Учесниците на блокадата побараа надлежните што поскоро да го обезбедат коловозот со поставување на повеќе сообраќајна сигнализација, надвозници како и пешачки премини
Вината е велат и во пешаците и во возачите, кои немаат доволно свест, но и во полицијата која трба да контролриа повеќе. Казни секако треба да има, но превентива односно сообраќајната инфраструктура на овој коловоз треба да има приоритет пред се
Од СВР Тетово, велат дека Во текот на минатата, 2020 година, на улица „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово регистрирани се, односно се случиле вкупно 50 сообраќајни несреќи, од кои 30 со повредени лица и 20 само со причинета материјална штета. Најчести причини според полицијата за минатогподишните „сообраќајки” на улицата „Видоја Смилевски-Бато” се: неприлагодена брзина според условите на патот, недавање предност на пешаци и неправилно преминување на улицата, односно непочитување на светлосната сигнализација, поточно на постоечките два семафори, поставени на крстосниците, од кои едниот пешачки семафор.
Зоран Димовски