Македонскиот непребол Тоше Проески, да беше жив денес ќе наполнеше 40 години и којзнае каде ќе беше и колку успеси ќе редеше во неговиот живот и кариера. Но, место тоа, семејството и неговите фанови не престанаа 14 години да жалат за негвоиот млад изгубен живот.
Социјалните мрежи утрово се преплавени од фотографии во спомен на трагично загинатата ѕвезда, во кои се споделуваат спомен и и сеќавања. Неговата сестра Дорса, пак, секоја година на овој ден прави торта, па така и беше рано утрово, а тортата ја сподели на нејзиниот Фејсбук профил со единствена порака „Те сакаме Тоше“.
40 😭
Posted by Dora Proeska on Sunday, January 24, 2021
Тортата е украсена со цветови од цреша, а песна насловена „Цреша“ испеја и Тоше во која се вели : „Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи, кој во моето минато плови, сосем мирно и без да се срами. Не е небо ова што ви нудат, не е сонцето злато што свети, ако можат би го продале Бога, а нив само еден ќе им суди…“.
На овој ден секоја година во чест на роденденот Организците на Црвениот крст на Град Скопје и на Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), по седумнаесети пат, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.
Одд Црвениот крст на Град Скопје, велат дека крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот на Домот на АРМ во периодот од 9 до 17 часот.
– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв, посочуваат организаторите.
При спроведување на акцијата, Црвниот крст и ИТМ ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од ковид-19.
Токму ковид-19 е причината што годинава ќе изостанат одредени активности во неговото родено Крушево, кои се организираа на овој ден.
Фото: vistina.com.mk