Капелата при православните гробишта во Тетово изградена пред две години никако да се пушти во употреба. Од Општина Тетово велат дека е набавена погрешна комора и очекуваат новиот ладилник да биде донесен наскоро, така што наредниот месец комората би се ставила во функција.
Тетовци реагираат коментирајќи дека капелата требало да се пуши во употреба барем минатата година кога започна пандемијата, се’ со цел да се избегнат семејни собири кои ги има при смртни случаи.
Од Јавното комунално претпријатие Тетово велат дека со ладилникот кој е набавен нема услови и место, ниту за пристап ниту за чување на покојникот.
Капелата при православните гробишта во Тетово започна да се гради пред 5 години. Пред две години објектот беше целосно изграден, кој лани Општина Тетово му го предаде на ЈКП Тетово, но со погрешен ладилник.
Зоран Димовски