Невладиниот сектор со иницијатива за рушење на бесправно изградените објекти во Делчево – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/21 7:08 PM

Невладиниот сектор со иницијатива за рушење на бесправно изградените објекти во Делчево

Ќе се отстрануваат времено поставените објекти во центарот на Делчево. Иницијативата е на Невладиниот сектор кој на последната онлајн седница во Делчево побара ова прашање да биде прироритетно за решавање во 2021 година
Ќе се отстрануваат времено поставените објекти во центарот на Делчево. На последната онлајн средба како дел од креирањето на приоритетите за 2021 година, делчевскиот градоналник Горан Трајковски, информираше дека за таа намена веќе е избрана фирма која ќе го спроведе рушењето на оние објекти, кои се евидентирани како бесправно изградени.

-Со времените објекти кои се изградени од поодамна, како и секоја општина и ние имаме проблем со тоа. Имаме градежен инспектор кој постапува по пријава од граѓани за бесправно изградени објекти. Согласно решенијата кои ги издаваме, имаме спроведено тендер после кој е одбрана фирма економски оператор за рушење на обајектите, кои се водат како дивоградби, а се наоѓаат во центарот на градот. истакна Трајковски.
Средствата за реализација на оваа активност, како што додаде се издвоени од буџетот на Општина Делчево.

-Се работи за рушење на оние објекти кои се изградени без дозвола. Доколку не потпаѓаат под некој закон заради што се заштитени и доколку немаат поднесено документи за легализација или се одбиени секако дека тие објекти ќе бидат отстранети во 2021 година, додаде Трајковски.
Ова барање за рушење на привремените објекти во централното градско подрачје во Делчево произлезе како иницијатива на невладиниот сектор, кои на последната онлајн седница во Делчево го посочија проблемот, како еден од приоритетните за решавање во 2021 година.

Валери Спасевски