Заев: Предлогот на Алијансата за добивање државјанство не е за поддршка – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/21 3:24 PM

Заев: Предлогот на Алијансата за добивање државјанство не е за поддршка

„Ќе поддржам постапка за брзо обезбедување на државјанство на оние кои досега се констатирани 650 до 800 граѓани и било колку да се во иднина кои на најбрз, но на најпрофесионален начин им треба потврда за причината за добивање на државјанство“, рече ремиерот Зоран Заев на денешниот почеток за изградба на спортска сала во Стајковци.

Тој вели дека самиот предлог на Алијанса за Албанците за добивање државјанство не е за поддршка.

„Ја почитувам политичката партија, најголема опозициона албанска партија, но во самиот предлог стои со тројца сведоци. Двајца е доволно за да стапите во брак, за државјанство да викнете сведоци не е доволно, нема никаде такво нешто. Но извод од основно одделение, четврто ооделение, деца кои зваршиле основно и средно училиште било што меѓународната пракса познава, а посебно ООН кои можат многу да помогнат во тоа е доволен основ за без било какво малтретирање, трчање по шалтери, институции да се дава државјанство“, рече Заев.

Тој вели најголем дел од тие граѓани се најсиромашни граѓани, Ромите, потоа се Албанците, Македонците има и Бошњаци имаме од сите националности тоа се наши граѓани, ние живееме со нив и за жал досега немаат право на социјална и здравствена заштита, како и други државни придобивки.

„Верувам во словото на прагматизмот она што е меѓународна пракса со помош на ООН и други земји кои спровеле вакава постапка ќе го изнајдеме начининот за издавање на државјанство. Со сведочење не се решава оваа рабоа, сведочењето е субјективно“, рече Заев.

Г.Д