Затворен угостителски објект во Гази Баба поради непочитување на работното време – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/21 11:46 AM

Затворен угостителски објект во Гази Баба поради непочитување на работното време

Синоќа во 21.50 часот при контрола во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба констатирано е дека локалот работи по дозволеното време и во него се затекнати шест лица кои се лишени од слобода.

Од МВР денеска соопштија дека објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат, а ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.