Протести во Русија: Уапсена и сопругата на Навални – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/21 4:28 PM

Протести во Русија: Уапсена и сопругата на Навални

Денеска низ многу градови во Русија се оддржуваат протести во знак на поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е уапсен веднаш по враќањето од Германија во Русија. Мееѓу уапсените од полицијата била и сопругата на Навални, Јулија, која на социјалните мрежи објавила и своја фотографија додека е во полициско возило.

На плоштадот Пушкин во Москва, според некои информаии, околу 40.000 граѓани протестираат за да изразат поддршка за Навлни, кој, според полициското соопштение, поради прекршување на условната казна е уапсен на 17 јануари на аеродромот „Шереметјево“ по враќањето од лекувањето во Германија.