Последните секунди од 3/4 од тексашкото дерби помеѓу Далас Маверикс и Сан Антонио Спарс, освен што го потврдија резултатот 95:85 пред почетокот на последните 12 минути од дуелот, претставуваа совршена прилика за словенечкиот репрезентативец да ги покаже и своите фудбалски квалитети.
Влијанието оставено врз него играјќи под капата на Реал Мадрид, или пак прирордната надареност за „топка“ на луѓето од екс-ју просторите, конечно дојдоа до израз. За Лука Дончиќ знаеме дека е огромен фан на фудбалската игра, но не бевме свесни за неговиот „сенс“ за топка, овојпат со нозете.
Видеото од маестралниот „прв допир“ на Словенецот по „бунарот“ на колегата од противничкиот табор, можете да го проследите во продолжение:
Luka had to show off his soccer skills 😂 @brfootball pic.twitter.com/hxI7YqLNH4
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 23, 2021
Фото:
sportdfw.com


