Единаесет земји од ЕУ ќе прават попис со комбиниран метод како нашиот и користење регистри, вели Апостол Симовски – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/21 10:56 AM

Единаесет земји од ЕУ ќе прават попис со комбиниран метод како нашиот и користење регистри, вели Апостол Симовски

Единаесет земји од Европската Унија исто така ќе прават попис користејќи го комбинираниот, хибриден метод како нашиот, искористувајќи ги регистрите, вели директорот на Државниот завод за статистика во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, Апостол Симовски.

-Единаесет земји од Евроспката Унија ќе прават попис со комбиниран метод и користење на регистри. Само пет земји од Унијата ќе користат традиционален метод. Ние сега ќе одиме со компјутери, на ист начин ќе оди и Србија, но користејќи го традиционалниот метод. Компјутерите во извршувањето на пописот ќе ги користи и Хрватска, со таа разлика што тие ќе пристапат кон самопопишување. Компјутерските уреди потоа ќе подарат по училиштата низ државата, а околу стоттина ќе ги задржи Заводот за статистика за свои потреби, изјави Симовски.

За разлика од претходните години и пописи во државата, оваа година ќе има електронски прашалници и ќе има комуникација со автоматски бази од каде ќе се преземаат податоците.

Со 62 гласови „за“ и со Бадентерово мнозинство пред два дена законодавниот дом го донесе Законот за попис. Оваа операција ќе се спроведува во првите три недели од месец април.