Храбриот потег на дваесет и шестгодишната актерка Милена Радуловиќ која објави дека била сексуално злоупотребена од професорот, Мирослав Мика Алексиќ кога имала 17 години, ги поттикна познатите дами да проговорат за своите искуства на оваа тема. Сега на тоа се одважи поранешната водителка Николина Ристовиќ (порано позната како Пишек) која во својата опширна објава на Инстаграм откри што проживеала со еден сексуален предатор.
-Овој момент во целокупната историја на сексуалната злоупотреба на жените е клучен. Сега или никогаш. Или ќе донесе време кога ниту една девојка или жена нема да се чувствува виновна за ниту еден машки вулгарен гест или коментар или ќе повлече жртвено јагне, а јавноста ќе молчи по секое јавно „колење“ на предаторот. И ќе настане молк. Спокојно ќе спиеме во пресрет на новиот, рамноправен општествен поредок. Се надевам на подобро. Се надевам ова движење ќе им даде на жртвите утеха дека тоа нема да го проживуваат нашите деца – почнува објавата на водителката.
Во продолжение, таа признава дека ни сама не се осудила да го пријави оној што ја злоупотребил.
Знам што значи да си мета на некој што злоупотребува и што прави стравот. Не ни помислував на барање помош или пак што е за мене уште пострашно, да го прозвам насилникот. Одбрав да се повлечам и наскоро добив повратна информација.
Тргната сте од проектот – реченица упатена на минување без никакво дополнително објаснување, напиша таа.
-Не ми ни беше потребно. Знаев. Понатаму се ‘одеше во надолна лидија додека не ја променив работната средина. Но имаше уште, и пред и после. Имињата нема да ги кажам, некои веќе не се ни живи, а парцијално не би имало смисла. Своите рани ги залечив, престанав да чувствував бес и немoќ. Само да не поминуваат низ тоа нашите деца, ве молам – порача поранешната водителка.
Извор: srbijadanas.com