И во редовни околности неопходно е да водите сметка за хигиената, но и за она што го допирате. Глобалната пандемија со коронавирусот само уште повеќе придонесе за ваквата свест кај луѓето, но она што е важно да се знае, е кои се местата на кои најлесно се шири заразата.
Имено, постојат места каде секојдневно има голема фреквенција на луѓе, а некои од нив имаат одреден тип бактерии што може да доведат до одредени здравствени проблеми. На пример, ако сте настинати и кивнете, а при тоа со раката со која сте ги покриле устата и носот допрете нешто, следната личност која ќе ја допре истата површина ќе ги „преземе“ вашите бактерии. Оттука, реална е можноста и тоа лице да развие настинка.
Бројни истражувања докажаа дека на одредени јавни места има најголема концентрација на бактерии, па затоа и треба темелно да ги измиете рацете доколку дојдете во допир со нив.
Копчиња во лифтовите
Рачки на корпи во продавници
Менија во ресторани
Пари
Прекинувач за светло
Садови за сол и бибер во рестораните
Банкомати
Опрема за вежбање во теретана
Фонтани