Во Турција запленет фосил на морска ѕвезда стар два милиона години – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 8:21 PM

Во Турција запленет фосил на морска ѕвезда стар два милиона години

Во полициска акција организирана во Чанаккале, Турција, запленет е фосил на морска ѕвезда за кој се претпоставува дека датира од периодот пред два милиона години, јавува агенцијата Анадолија (AA).

Екипи од Одделот за борба против организираниот криминал приведоа две лица осомничени дека имале намера да го продадат фосилот.

Фосилот е запленет, а против двете лица е започната постапка.